Со електронски катастар полесно до имотен лист

Bez autora
Jun 02 2011

Во катастарските одделенија со електронски катастар граѓаните, освен за недвижности во своите региони, ќе добиваат имотен лист и за тие што им се наоѓаат во друг град. Оваа новина вчера ја промовира Агенцијата за катастар на недвижности, прецизирајќи дека електронски катастар е воспоставен во Центарот за катастар на недвижности - Скопје со канцелариите во Кисела Вода, Чаир и Автокоманда, како и во одделенијата во Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Крива Паланка, Кратово, Пробиштип и Свети Николе. Тие имаат меѓусебен пристап до податоците за имотните листови. Овозможено е, на пример, граѓаните од Кавадарци кои имаат недвижен имот во Скопје, односно стан, куќа или плац, да можат во Кавадарци да извадат имотен лист за недвижноста што се наоѓа во Скопје и обратно. Професионални корисници на услугите на Катастарот (геодетски фирми, нотари, извршители, банки..) да се поврзат електронски со Катастарот за да си ги намалат своите трошоци, но и на клиентите да им дадат поквалитетна и побрза услуга.

Со електронски катастар полесно до имотен листВо катастарските одделенија со електронски катастар граѓаните, освен за недвижности во своите региони, ќе добиваат имотен лист и за тие што им се наоѓаат во друг град.

Оваа новина вчера ја промовира Агенцијата за катастар на недвижности, прецизирајќи дека електронски катастар е воспоставен во Центарот за катастар на недвижности - Скопје со канцелариите во Кисела Вода, Чаир и Автокоманда, како и во одделенијата во Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Крива Паланка, Кратово, Пробиштип и Свети Николе. Тие имаат меѓусебен пристап до податоците за имотните листови.

- Овозможено е, на пример, граѓаните од Кавадарци кои имаат недвижен имот во Скопје, односно стан, куќа или плац, да можат во Кавадарци да извадат имотен лист за недвижноста што се наоѓа во Скопје и обратно - рече вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, кој со раководството на Агенцијата ја презентира новата можност.

Пешевски упати апел до професионални корисници на услугите на Катастарот (геодетски фирми, нотари, извршители, банки..) да се поврзат електронски со Катастарот за да си ги намалат своите трошоци, но и на клиентите да им дадат поквалитетна и побрза услуга.

Од март до денеска преку електронскиот катастар се извршени над 1.500 трансакции од страна на професионалните корисници, со промет од околу 500.000 денари изразени преку такси што ги плаќаат граѓаните.

Според помошник-директорот во Агенцијата, Славе Трпевски моментно се поврзани 10 геодетски и десет нотарски фирми, а во фаза на поврзување е и Стопанска банка.

- Банката е голем корисник на услугите на Катастарот од аспект на имотните листови. При издавање хипотеки им е значајно да имаат точна информација за имотот на клиентот. Преку електронскиот шалтер само за неколку минути го добиваат имотниот лист со комплетна состојба - рече Трпевски.

Тој најави дека најдоцна за два месеца опцијата за вадење имотен лист и во други региони освен во матичните каде има електронски катастар ќе биде достапна и во Струга, Ресен и во Куманово.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik